Bo прилог на овој милениумски континуитет е несоборливото сведоштво на Јорданес од 551 г. во неговата „Гетика", каде тој многу децидно и недвосмислено го сумира овој непрекинат континуитет на Македонскиот јазик: „...секој знае и...
moreBo прилог на овој милениумски континуитет е несоборливото сведоштво на Јорданес од 551 г. во неговата „Гетика", каде тој многу децидно и недвосмислено го сумира овој непрекинат континуитет на Македонскиот јазик:
„...секој знае и забележал дека племињата се навикнати да преземаат (едни од други) многу имиња. Римјаните преземале македонски имиња, „Грците“ - римски, Сарматите - германски, Готите - претежно Хунски".
Hа стр.111 од првиот том на „Атласот на Светската Историја" од светски познатата едиција Пингвин читаме: „Овој Хомеров Македонски јазик (Коине) се збогатувал и постепено се развивал во модерен јазик, ширејќи се како посебен дијалект од којшто подоцна настанаа Рускиот, Полскиот, Хрватскиот, Србскиот, Бугарскиот, и други јазици, денес познати како „Словенски јазици“, засновани врз Македонскиот.“
Нo, и покрај несомнениот милениумски континуитет, Македонскиот како еден од
модерните јазици на денешнината доживеа да биде стандардизиран релативно касно, дури во 20-от век. За тоа P. Г. А. де Бреј [ R. G. A. de Bray] вели: "Со иронија на историјата, луѓето чии предци им го дале на Словените првиот литературен јазик, биле последни на коишто им беше признаен нивниот современ јазик како посебен словенски јазик, различен од соседниот српски и бугарски. Во средновековно време, Македонците биле дел од Ромејското Царство, сè додека конечно не биле проголтани од Турците Османлии во 15-от век. Поголемиот дел од нив остана под Турција сè до почетокот на 20 век, кога конечно Турците беа протерани од Македонскиот Полуостров во 1912 година. Тогаш македонскиот народ беше разделен меѓу трите (нови) соседни држави - Србија, Бугарија и Грција - состојба на работи која сè уште делумно опстојува и денес, бидејќи сè уште има околу половина милион Македонци и во Грција и во Бугарија и во Србија. Македонците, иако поделени и малку на број, и покрај тоа што беа
искористени економски и политички, сепак успеаја да ги зачуваат своите карактеристични (антички) дијалекти и култура, главно во нивните села и во помалите градови. Поголемите центри беа во претходните векови во најголем дел латинизирани, потурчени, барем површно. Нивните поети и научници, како што се браќата Миладиновци во 19-от век, Б. Конески, В. Иљоски и К. Тошев во нашево време (т.е. 20 век), како и научниците од Русија и Западна Европа, како А.М. Селишчев, А. Мазон и А. Ваилант, собрале многу убави народни песни и пријатни фолклорни приказни, богатства на фолклорот зачувани од македонскиот народ. Мелодиите на нивните песни, по убавина и суптилност, рамноправно се споредуваат со кој било на Македонскиот Полуостров, кој е еден од најбогатите региони во Европа во овој поглед. Така, Македонците, иако угнетувани и сиромашни, го сочуваа својот национален идентитет и својата
културна и уметничка индивидуалност. "