Academia.eduAcademia.edu

Македонската душа и душата во македонскиот јазик

2017

Abstract

Во трудот се прави дистинкција помеѓу метафоричното значење душа на народот кое имплицира етнолошки согледувања и поимот душа како компонента на животот. За таа цел консултираме соодветна филозофско-етнолошка литература и правиме анкета помеѓу студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и „Универзитетот во Тетово“ од Тетово. Прашањето на кое бараме одговор е: „Што е, според вас, суштината на поимот душа“. Ќе се задржиме на вредностите што на поимот душа му ги придаваат нашите испитаници. Во трудот ќе се осврнеме и на етимологијата на лексемата душа, нејзините семантички карактеристики и на лексемата душа како компонента на фразеолошки изрази