јули 2013, Кочани ... едно од наjстарите села во кочанскиот краj ПРЕДГОВОР И дејата да се напише монографија за селото Бели е моја дамнешна желба. Повеќе години ја носев во себе, размислував, се подготвував, но не се осудував да поминам...
moreјули 2013, Кочани ... едно од наjстарите села во кочанскиот краj ПРЕДГОВОР И дејата да се напише монографија за селото Бели е моја дамнешна желба. Повеќе години ја носев во себе, размислував, се подготвував, но не се осудував да поминам на нејзина реализација. Тоа траеше сè до есента 2011 година кога го повикав професорот Стојмилов (Санде Ушачки), а со него и Јордан Шопов, Киро Герасимов и Ване Азмански и на Дабот се договоривме да се отпочне со собирање податоци и да се пристапи кон пишувањето. Очекував дека тоа лесно ќе оди и монографијата брзо ќе ја издадеме. Меѓутоа работата не се одвиваше без тешкотии. Најголем проблем беше да се пронајдат автори за одредените поглавја. Некои се нафаќаа па потоа се откажуваа, други долго време ветуваа, па кога мислевме дека се готови и тие се повлекуваа. Сепак, на крајот се собраа сите текстови и се пријде кон печатење на книгата која е сега пред Вас, драги читатели.