Прејди на содржината

782

Од Википедија — слободната енциклопедија
< 7 век 8 век 9 век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900

Грешка во Lua во Модул:Year_in_various_calendars, ред 877: assign to undeclared variable 'addtext'

Рабан Мауро (лево), со Алкиун (во средина), го претставува неговото дело на архиепископот Одгар (десно)

782 (DCCLXXXII) — година според општоприфатениот календар. Таа била 782 година од новата ера, 782. од првиот милениум, 82. од VIII век и трета од 780-тите. Оваа година била определена како 782 уште од почетокот на средновековниот период, кога календарската ера Anno Domini стана најраспространетиот метод во Европа за определување на годините.

Други календари

[уреди | уреди извор]

Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6290 и 6291 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5532 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4542 и 4543 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1535.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 782 година се протега во 3418 и 3419, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3478 и 3479 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1325. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 165 и 166 исламска година.

Според место

[уреди | уреди извор]

Византиско Царство

[уреди | уреди извор]
  • Лето – Саксонски војни: кралот Карло Велики испраќа казнена експедиција (елитна сила на источнофраначки војници) под команда на камергерот Аделхис, Гало и Ворад, поддржана од саксонски сили, да се справи со Саксонците и Лужичките Срби кои ја нападнале Тирингија.[4]
  • Битката кај Зјунтел: Франките предводени од Карло Велики се поразени од саксонските бунтовници, предводени од Видукинд. Тој успева во поразувањето на повеќе од половина од окупаторските франачки сили и повторно го подига знамето на револт. Видукинд бега и бара засолниште кај Данците.
  • Есен – Карло Велики се враќа од неговата кампања во Италија и испраќа франкачка армија во Баварија. Тој потоа маршира на север до Саксонија, веројатно до Ересбур, долж Везер и реката Алер, поставувајќи камп во близина на Ферден.[5]
  • Масакрот во Ферден: Карло Велики убива 4,500 бунтовнички Саксонци во Верден поради практикување на паганство. Тој го донесува Capitulatio de partibus Saxoniae и го наметнува христијанството врз Саксонците, претворајќи ја Саксонија во франачка провинција.
  • Карло Велики го поквикува Алкуин, англосаксонски мисионер, во Ахен и го именува како главен советник за верски и образовни прашања. Тој станува главен научник и учител во Каролиншкиот двор.

Според тема

[уреди | уреди извор]

Религија

[уреди | уреди извор]
  • Нанчанскиот храм на планината Утајшан, Шанси, е изграден за време на династијата Танг (Кина).

Починати

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Garland 1999, стр. 76–77.
  2. ↑ Treadgold 1997, стр. 418.
  3. ↑ Runciman, Steven. "The Empress Irene the Athenian." Medieval Woman. Ed. Derek Baker. Oxford: Ecclesiastical History Society, 1978.
  4. ↑ David Nicolle (2014). The Conquest of Saxony AD 782–785, p. 51. ISBN 978-1-78200-825-5.
  5. ↑ David Nicolle (2014). The Conquest of Saxony AD 782–785, p. 65. ISBN 978-1-78200-825-5.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • 782 на Ризницата ?