Papers by Ljilana Nedelkovska

Зошто поимот енформел кога за уметноста од овој период ни стојат на располагање и други термини к... more Зошто поимот енформел кога за уметноста од овој период ни стојат на располагање и други термини кои можеби се посоодветни за тематското дефинирање и разбирање на изложбата?** Определбата за овој термин во контекстот на македонското сликарство произлезе не од неговиот "начин на употреба", туку од бојата на неговиот тон, од дисонантноста на неговиот звук во услови на идеолошки проектираната усогласеност меѓу формата и содржината, меѓу стварноста и вистината. Македонските уметници што се определија за енформелот, ослободувајќи го јазикот од притисокот на значењето, од насилството на знакот што на еден повластен и обврзувачки начин сакал светот да го означи и да го исполни со смисла, разбивајќи го идеолошкиот хоризонт на очекуваното и дозволеното, всушност се определија за еден вид "неутрално писмо", писмо што веќе не сакаше да биде средство или надополнување на општествената или емоционалната стварност, туку место на артикулирање и изедначување на индивидуалната слобода со можностите на самиот јазик, место на кое уметникот може наполно да се индивидуализира, "затоа што тој тука се ангажира". 9) Оттаму, негацијата на формата што во себе ја содржи зборот енформел, повеќе се однесува на формата како еден затворен систем на убедувања и верувања, значи, повеќе се однесува на идеолошки згуснатата форма што со својата кохезиска сила успеала во одреден период да ја колонизира и да ја мобилизира општествената свест, отколку на естетските и филозофски норми и идеали на формирање и артикулирање на значења и смисла. Со овој збор, со бојата на неговиот тон, се чини дека најдобро може да се изрази моментот на идеолошка криза поврзан со парадоксалната ситуација во која беше поставена уметноста во тој период: од една страна, со авторитарна прокламација на уметноста ñ беше дозволена слобода, а од друга, од неа (од уметноста) се очекуваше да не го напушти подрачјето на прокламацијата. тоа беше инхибирана слобода, слобода на која ñ беше дозволено да тежнее кон промени, но под услов ништо да не се промени.
Uploads
Papers by Ljilana Nedelkovska