Papers by Aleksandar Dimoski
Акатистот беше објавен во алманахот „Светиклиментово Слово“ за 2014 год, во издаваштво на Дебарск... more Акатистот беше објавен во алманахот „Светиклиментово Слово“ за 2014 год, во издаваштво на Дебарско-Кичевска Епархија на МПЦ-ОА. Беше составен со цел да се рашири и зголеми култот на тројцата Пречистански новомаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј.

Сведоштвата што ни ги предава митрополитот Петар Могила за новомачениците, содржат сведоштва за е... more Сведоштвата што ни ги предава митрополитот Петар Могила за новомачениците, содржат сведоштва за еден трет новомаченик, Светогорец и тој, чие име беше Атанасиј 1 . Неговото мачеништво бидна 1628 година, што значи во истата година со мачеништвото на Авакум Светогорец. Иако немаме некои показатели за тоа, сепак не е исклучена можноста, веста за мачеништвото на последнииот, да биде мотив и Атанасиј да следи донекаде сличен пат. Наративноста на житиети на овој Светогорец, од претходните две, се разликува во две работи. Првата е тоа што пистаелот се потпишува под својот текст. Тоа бил ивирскиот монах Прохор Коблјанскиј, кој изјавува дека постоел очевидец на мачеништвото што ги опишува настаните. Втората точка, што го разликува ова сведоштво од претходните, е тоа што е напишано на еден народен украински јазик од 17 век, со посебни гласовни карактеристики од полски происход, факт што нè упатува кон заклучокот дека писателот е по потекло од западна Украина 2 . Јазикот на текстот е непостојан, без синтактичка постојаност, на определени места сиромашен, а тоа покажува дека тој што го напишал бил малку образован. Овие јазични недостатоци се забележуваат и во преводот на грчки јазик, во кој се одбегнува слаткоречивоста, за да се пренесе јазикот на оригиналот. Во секој случај, дури и така, монахот Прохор го зачувал сведоштвото за херојските страдања на еден Светогорски новомаченик, кое речиси четири века остана непознато. Исто така треба да се спомне дека на некои места ракописот содржи принеси, кои во преводот се забележани со загради.
Uploads
Papers by Aleksandar Dimoski